Насловна / Вести / Општинската зграда на Карпош готова до крајот на годината

Општинската зграда на Карпош готова до крајот на годината

Opstinska zgrada - Karpos_3

 

Објектот што се гради на местото на старите бараки, на булеварот Партизански одреди, моментално е готов до карабина, а до крајот на годината се очекува да биде комплетно готов. Општинските власти деновиве втор пат распишаа оглас за изградба на втората фаза, која се состои од надворешно обликување и изведување на внатрешните градежно-занаетчиски работи. На првиот оглас, кој беше објавен во јануари годинава, Општината не успеа да избере поволна понуда.

Kако што стои во огласот,  заинтересираните фирми може да ги достават понудите до 17 март. Фирма изведувач на првата фаза беше фирмата „AK – Инвест“ од Тетово со која општина Kарпош потпиша договор вреден 1,2 милион евра.
– Треба да се изработи техничка спецификација за сите материјали кои ќе се вградуваат во објектот. Сега, ако сè се одвива според планираното, објектот треба да биде готов до Нова година – изјави Виолета Цветковска, портпарол во општина Kарпош. За тоа колку вкупно ќе чини општинската зграда, од локалната самоуправа велат дека го очекуваат исходот од тендерската постапка, но не би требало да е повеќе од три милиони евра.

Објектот ќе има приземје, три ката и поткровје. Предвиден е и паркинг простор со површина од 1.000 квадратни метри, како и работен простор од 4.500 квадратни метри за 200 вработени. Во согласност со идејното решение од архитектонските студија „СКАрС“ и „Архитектри“, објектот треба да добие стаклена фасада од термопан кас стакла, да се монтираат два лифта во внатрешноста на објектот, да се доврши канцеларискиот простор и да се имплементираат мерки за постигнување на висок степен на енергетска ефикасност.

 

Opstinska zgrada - Karpos_1 Opstinska zgrada - Karpos_5 Opstinska zgrada - Karpos_4 Opstinska zgrada - Karpos_2
 

Испрати коментар

Scroll To Top