Насловна / Вести / Општина Струмица ги привршува работите на пречистителната станица

Општина Струмица ги привршува работите на пречистителната станица

Strumica-precistitelna stanica

Пречистителната станицица на отпадни води која се гради во Струмица, наскоро ќе биде завршена и ќе биде првата од пречистителните станици кои се градат во општините во земјава. „Досега Општината ги почитува роковите и сосема е извесно дека навреме ќе ги заврши сите обврски. Планирано е постројката да биде во функција до крајот на октомври со што сите отпадни води од Струмица ќе се прочистуваат и потоа како прочистени  ќе се влеваат во реките на подрачјето на Струмица. Овој проект значително ќе придонесе за заштита на водите, затоа што водите во реката Струмица повеќе нема да бидат загадени“, изјави Јадранка Иванова раководител на Сектор за Европска унија во министерството за животна средина и просторно планирање за време на увидот во работата на Пречистителната станица во Струмица.

Strumica precistitelna stanica moto

Проектот е финансиран од ЕУ со грант од  6,9 милиони евра.

Пречистителната станица се простира на површина од 55 илјади метри квадратни и ќе опслужува 53.419 жители од градот и околните населени места Баница, Добрејци, Градско Балдовци, Сачево, Дабиле, Просениково, Муртино и индустриските зони кои гравитираат кон Струмица.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top