Во штипското село Врсаково се асфалтираат четири дополнителни улици на барање на локалните жители. Инвестицијата е во вредност од 20000 евра, а изведувач на зафатот е градежната фирма „Ве груп“ од Радовиш.
– За три години општината инвестирала 960.000 евра во овој регион. Половина милион евра чини патот кој ги поврзува селата Трогерци и Врсаково, обновата на делницата кон Судиќ чини 60.000 евра додека само лани во првата фаза на асфалтирање на улици низ село Врсаково инвестираше 130.000 евра. Во 2013 година, асфалтиран е патот до село Сарќиево во вредност од 250.000 евра – изјави Драган Ристов, Советник за односи со јавност.
Тој напомена дека локалната самоуправа планираат и пат со кој Врсаково ќе се поврзе со село Мустафино а во план е и водовод за Врсаково и село Криви Дол.
Во Штип започна асфалтирање на три крака од улиците „Димо Хаџи-Димов“, „Јане Сандански“ и „Борко Талев“.
– Изведувач е штипски „Коле Транс инжинеринг“, површината е околу 6700 м/3, а инвестицијата е во вредност од 3,3 милиона денари – изјави Тоше Ѓоргиевски од Општина штип. Дел од нив се со стар асфалт, дел се уште со коцка а некои со руиниран бетон и сега ќе бидат комплетно средени.