Насловна / Вести / Општина Штип го заврши и третиот дел од коритото на река Отиња

Општина Штип го заврши и третиот дел од коритото на река Отиња

PRED POTOA TRET DEL 8

За околу пет месеци, општина Штип го заврши и третиот дел од коритото на река Отиња во централниот дел на градот. По двете претходни локации, речиси половина од вкупното корито долго околу 1,7 километри е уредено со камен, со странични партери, пешачки патеки и клупи. Најважно е што делот кој започнува од гимназијата „Славчо Стојменски“ па се до црквата „Свети Никола“, кај која е лоцирана и зградата на локалната самоуправа, сега е претворен во урбан и интересен амбиент со кој граѓаните можат да бидат и задоволни и горди.

PRED POTOA TRET DEL 0
Останува уште пред црквата „Свети Никола“ да бидат направени камени мозаици во форма на крст, исто како што беше тоа случајот со мозаиците на македонското знаме и грбот на општината пред зградата на локалната самоуправа. Сепак тоа не е крај на проектот, бидјеќи одговорните веднаш почнаа со уредување и на четвртиот дел од коритото, кој се протега од црквата Свети Никола па се до вливот на Отиња во река Брегалница кај Ново Село. PRED POTOA TRET DEL 5

Ова е најдолгата траса, но постои надеж дека до пролет и оваа локација ќе биде средена. Сето тоа зависи од временските услови, а доколку се успее во намерата да се уреди четвртиот дел за 3-4 месеци, следно е уредување и на петтиот дел од почетокот на коритото кај ЈП „Исар“. Со тоа, постојат реални шанси целото корито да се уреди во текот на 2015 година и со самото тоа да заврши проектот за уредување на централното градско подрачје.PRED POTOA TRET DEL 7 PRED POTOA TRET DEL 6 PRED POTOA TRET DEL 3 PRED POTOA TRET DEL 2 PRED POTOA TRET DEL 1 PRED POTOA TRET DEL 4

Испрати коментар

Scroll To Top