Општина Штип го санираше патот кон село Балталија кој претпре штети од поплавите. Како резултат на врнежите од дожд, се појави свлечиште на 20.тина метри од локалниот пат при што беше уништен асфалтот а сообраќајот беше во прекин, пренесува ТВ „Стар“. Привремено се направи заобиколна рута на истата делница а локалната самоуправа презеде активности за санирање на штетата:
– Инвеститор е Општината а механизацијата на „Коле Инжинеринг“ изминатите десетина дена работеше на поставување на нанос од земја и утврдување на брегот од Балталиска река. Поставен е тампон на овие 20.тина метри, така што сообраќајот сега се одвива без проблем и нема опасност од нов одрон. Со подобрување на временските услови, ќе следи и поставување на асфалт со што комплетно ќе се санира штетата на овој пат – изјави Драган Ристов, портпарол на Општина Штип.
Претходно, општината го пренасочи текот на водата низ коритото на Балталиска река, така што избегната е можноста водата повторно да поминува покрај брегот каде е патот и да предизвика ново лизгање на земјиштето. Исто така, се оспособуваат и премините кон селата Суво Грло и Степанци кои исто така беа уништени за време на поплавите на почетокот на февруари.