Со отпочнување на проектот за асфалтирање и обновување на патната инфраструктура во градот, заменик раководителот на Сектор за урбанизам при Општина Куманово Момчило Јовановски го најави редоследот на улиците кои ќе бидат реконструирани, со молба до граѓаните, навреме да ги отстранат возилата кои се паркирани долж сообраќајниците.
По асфалтирање на улицата „Бајрам Шабани“, од вчера започна и реконструкција на улицата „Октомвриска револуција“, поточно на делот кај Мај маркет, вели Јовановски.
Од почетокот на наредната недела се очекува да се работи и на улицата „11 Октомври“, на потег од Општина Куманово до Општа Болница.