Насловна / Вести / Општина Кисела Вода започна со изготвување на катастар на загадувачи

Општина Кисела Вода започна со изготвување на катастар на загадувачи

Општина Кисела Вода во соработка со Технолаб ДОО Скопје започна со изготвување на катастар на загадувачи.
Катастарот на загадувачи ќе содржи податоци за деловните субјекти, кои ја загрозуваат или можат да ја загрозат животната средина на територијата на Општина Кисела Вода. Истите ќе ги опфатат сите потребни информации за загадувачките материи кои се создаваат во текот на технолошкиот процес, а ќе бидат опфатени теми како, воздух, вода, отпад и почва.
Потоа податоците ќе се објавуваат на веб страната на Општина Кисела Вода, ќе се ажурираат се со цел за информирање на граѓаните за уделот и влијанието на деловните субјекти во загадувањето на животната средина. Воедно, истите ќе се доставуваат до Министерството за животна средина и просторно планирање.

kvoda

Испрати коментар

Scroll To Top