Еден од стратешките приоритети на Општина Кисела Вода е транспарентно донесување на новите Урбанистичките планови со вклученост на граѓаните и стручната јавност.
За реализација на оваа цел Општина Кисела Вода изработи Меѓународен Конкурс за идејно урбанистичко – архитектонско решение за градската четврт Ј14 или, попознат како ДУП Расадник.
Од општината велат: „Благодарејќи на Граѓанската иницијатива „Расадник на можности”, како и сите граѓани и стучната јавност во Кисела Вода, сите три обиди за донесување на Урбанистички план за Расадник беа неуспешни. Граѓанската иницијатива „Расадник на можности”, официјално на 17.01.2020 година до Oпштина Кисела Вода поднесе иницијатива за спроведување на Меѓународен конкурс за „Расадник“, која е прифатена од страна на Општина Кисела Вода во декември 2021.
Спроведувањето на Меѓународен конкурс покрај тоа што е продолжување на една заборавена традицијата, истата е во согласност со меѓународните стандарди како и со новите заложби на Општина Кисела Вода за унапредување на урбанистичкото планирање и водење сметка за јавниот интерес, во однос на околината, преку изнаоѓање на најдоброто решение за сопствениците, но и за останатите жители корисници на просторот.
Меѓународниот конкурс треба да донесе нови идеи за што поквалитетно, одржливо урбанистичко-архитектонско уредување на овој простор, кое ќе се обезбеди хумано, здраво живеење и заштита на животната средина.
Меѓународниот конкурс е сочинет од два дела. Првиот дел претставува опис на моменталната состојба во Расадник од урбанистичко-плански аспект, додека во вториот дел се опфатени генералните програмски насоки кои треба да им бидат смерница на учесниците на Меѓународниот конкурс за изработка на идејното решение за Расадник“.
Исто така бараат сугестии од професионалците: „Со цел изработка на што поквалитетен и стручно издржан Меѓународен конкурс, Ве молиме во следните 10 дена да ни дадете забелешки, сугестии и идеи и истите да ни ги доставите на емаил адресата [email protected]“
Со почит,
Орце Ѓорѓиевски
Меѓународниот конкурс е достапен на следниов линк