Насловна / Вести / Општина Карпош не треба да обезбеди паркинг за зградата на „Настел“

Општина Карпош не треба да обезбеди паркинг за зградата на „Настел“

Не е точно дека општината треба да обезбеди паркинг за зградата на „Настел“ во Тафталиџе, одговорија од Општина Карпош за порталот „Сакам да кажам“.

Изминатите денови жителите од зградата на „Настел“ реагираа дека Пајак службата им ги крева возилата оти Општината не направила паркинг простор.

настел_resize

Од Општината велат дека тие немаат обврска да градат паркинг простор туку само комунална инфраструктура.

„Инвеститорот има склучено договори со Општина Карпош за регулирање на надомест за уредување на градежно земјиште со кои е определена висината на надоместокот за расчистување, проектирање и изградба на објекти од комунална инфраструктура за индивидуална потрошувачка и за секундарни водови и објекти за инфраструктура за Општина Карпош, водоводна мрежа и фекална канализациска мрежа. Уплатените средства за комуналии се однесуваат исклучиво за овие намени“, велат од кабинетот на градоначалникот Стефан Богоев за „Сакам да кажам“.

Од таму додаваат дека инвеститорот ја вселил зградата иако таа уште нема технички прием.

„Инвеститорот на објектот наменет за домување во станбени згради со деловен простор, дозволил без изготвен извештај за извршен технички преглед од страна на надзорниот инженер одреден број лица да се вселат во станбената зграда, што е спротивно на член 89 точка 5 од Законот за градење“, додаваат од Општина Карпош.

Испрати коментар

Scroll To Top