Насловна / Вести / Општина Карпош ќе ја подобрува енергетската ефикасност преку проектот „Cool Heating“

Општина Карпош ќе ја подобрува енергетската ефикасност преку проектот „Cool Heating“

kkk

Во рамките на меѓунатодниот проект  „Cool Heating“, во Општина Карпош се одржа обука за дел од вработените инволвирани во прашања кои се однесуваат на потошувачката на енергија.  Презентацијата на проф.д-р Наташа Марковска од МАНУ, детално ги опфати можностите за имплементирање на енергетски ефикасни решенија во Општината, чии придобивки с емерливи по две линии – економски заштеди и еколошки бенефити.

Целта на овој проект е проширување на знаењата и зголемување на свеста за малите системи за греење, кои се базирани на обновливи извори на енергија, (биомаса, геотермални пумпи, соларно греење и сл.). Можните локации во општина Карпош кои би се опфатиле со овој проект, дополнително ќе ги утврдат стручните лица од МАНУ и Општина Карпош, по претходно изработена студија.

Носител-координатор на овој меѓународен проект во кој учествуваат 11 партнери од осум земји, е германската научна академија од Минхен. Како таргет-земји во кои би се применувале новите енергетско ефикасни модели за греење и ладење, избрани се Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска, Словенија и Општина Карпош, како единствен учесник од Македонија.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top