Насловна / Вести / Општина Илинден воведува оџачарски услуги

Општина Илинден воведува оџачарски услуги

оџачари

Општина Илинден на стартот од 2015 година воведува нова јавна оџачарска услуга за своите граѓани.

Оваа комунална услуга чија што реализација е дел од активностите на Општина Илинден во насока на обезбедување квалитетни услуги за своите жители, подразбира чистење и контрола на уредите за спроведување на чад и опремата за ложење, со што се овозможува нормално функционирање на оџаците, димоводните уреди и огнишните објекти.

Новата јавна услуга што е од големо значење за жителите на Општина Илинден со оглед на тоа што поголемиот дел од домаќинствата се греат на дрва, јаглен или масло за домаќинствата, ќе ја извршуваат стручно обучени и лиценцирани лица за оваа дејност од јавното комунално претпријатие, информираат од општината.

Испрати коментар

Scroll To Top