Насловна / Вести / Општина Илинден понуди три нови локации за изградба на стопански објекти

Општина Илинден понуди три нови локации за изградба на стопански објекти

ilinden kadino

Општина Илинден објави електронско јавно наддавање на нови три локации на градежно земјиште, наменети за изградба на стопански објекти. На потенцијалните инвеститори им се нудат атрактивни парцели во локалната економска зона Марино-Кадино.

Право на учество на јавното наддавање имаат физички и правни лица кои што ќе достават Пријава за учество во електронско јавно надавање, најдоцна до 23 јануари, 2015 година, до 16 часот.

Поволните услови што Општината им ги нуди на инвеститорите, ниските цени на градежното земјиште и малите давачки за инвеститорите, како и континуираните вложувања во квалитетна патна и комунална инфраструктура, овозможи забрзан локален економски развој, поради што Општина Илинден е лидер по инвестиции и вложувања во регионот.

Испрати коментар

Scroll To Top