Општина Илинден неодамна објави нови 3 атрактивни локации на градежно земјиште, со намена Г2 – лесна и незагадувачка индустрија.
Право на учество на јавното наддавање имаат физички и правни лица кои што ќе достават Пријава за учество во електронско јавно надавање до 23 јануари годинава до 16 часот.
Во прилог се наоѓа табеларен преглед во кој се дадени податоци за градежната парцела, намената на градежната парцела, вкупната површина на градежната парцела, површина за градење, катност, процент на изграденост, коефициент на искористеност, почетна цена по метар квадратен, вкупна почетна цена и депозит за учество на јавното наддавање.
Листа на парцели, табеларен преглед, услови, почетни цени и упатство PDF:КОМПЛЕТНА ОБЈАВА
Прилог PDF: ДЕТАЛЕН ПЛАН-Измена и дополна на урбанистички план вон населено место Кадино – Локалитет 19
Графички приказ PDF: Економска Зона Марино-Кадино
Линк:+Mazedonien/@41.9786047,21.590638,996m/data=%213m1%211e3%214m2%213m1%211s0x135438542ccff9c5:0x4b01e4d5f7d97506″ target=”_blank”>Локацијата на Google Maps