Насловна / Вести / Општина Дојран продава недвижен имот

Општина Дојран продава недвижен имот

10-94-

Општина Дојран по пат на јавен оглас понуди на продажба сопствен недвижен имот наменет за деловни објекти.
Предмет на јавно наддавање ќе биде деловен простор во Нов Дојран со вкупна површина од 1.448 метри квадратни или на три одделни локации кои зафаќаат површини од 916 најголемата, 310 средната и 222 метри квадратни најмалата површина.
Почетната цена на недвижниот имот што ќе се продава е утврдена од овластен проценител и изнесува 1.223.500 денари. Право на учество на јавното наддавање имаат физички и правни лица кои своите понуди ќе ги достават најдоцна до 18 август, денот кога ќе се одржи наддавањето во просториите на локалната самоуправа во Дојран со почеток во 12 часот.

Испрати коментар

Scroll To Top