Денес градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу и извршните директори на ГА-МА АД Скопје ќе го потпишат договорот за приклучување на детската градинка „Снежана“, основното училиште „Исмаил Ќемали“ и административната зграда на Општина Чаир во системот за пренос на природен гас. Со овој акт официјално по склучувањето на договорот ќе отпочне процесот на газификација на територија на Општина Чаир.