Насловна / Вести / Општина Центар: Започнува пријавувањето за субвенции за купен велосипед

Општина Центар: Започнува пријавувањето за субвенции за купен велосипед

Општина Центар од денеска започнува со овогодинешниот циклус од проектот „Цел Центар на точак“. Овој проект, кој се спроведува четврта година по ред, се покажа како успешен и наиде на одличен прием кај жителите на општината. Годинава, Центар ќе субвенционира средства за купување на нови 1.111 велосипеди. Со тоа се реализира поставената цел, според која за четири години вакви субвенции ќе добијат повеќе од 4.000 центарци, овозможувајќи им поздрав живот, поздрава животна средина и помал сообраќаен метеж.центар

Од буџетот на општината за оваа намена се одвоени два милиони и 800 илјади денари. Општина Центар ќе субвенционира 30 отсто од цената за купување нов велосипед, но најмногу до 3.000 денари.

Секој полнолетен жител на општина Центар што ќе купи велосипед од денеска, потребно е да ги достави следниве документи:

– Барање за субвенционирање за купен производ (достапно во архивата на општина Центар, барака бр. 6 и за симнување на centar.gov.mk)
– Копија од лична карта
– Копија од транскакциска сметка,
– Фискална сметка со сметко-потврда или фактура за купен велосипед.

Барањата со комплетна документација се доставуваат во архивата на општина Центар. Правото на субвенција е еднократно.
За сите дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат кај координаторот на проектот, Емил Николовски.

Телефони за контакт : 3203-631 и 076-353-620

Испрати коментар

Scroll To Top