Насловна / Вести / Општина Центар урива објект под Калето (видео)

Општина Центар урива објект под Калето (видео)

Општина Центар со придружба на механизација урива градба на улица „Лазар Личеноски“ бб во Скопје, објект кој се наоѓа веднаш под Калето. Инвеститорот на објектот не постапил по претходното издаденото решение за самостојно отстранување на објектот и согласно член 59 и член 134 став 1 од Законот за градење и член 24 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти, општината пристапи кон присилно отстранување.

ц2_resize

Објектот кој денес се урива е објект од втора категорија, Б4 – деловен простор, изграден од армирано бетонска конструкција и блок тули, бил претходно делумно урнат со присилно административно извршување по решение на градежен инспектор.

Општина Центар и градоначалникот Саша Бодановиќ повторно упатуваат апел до инвеститорите да постапуваат по издадените решенија од Секторот за инспекциски работи на општината за отстранување на градбите, затоа што во спротивно, присилно ќе бидат извршени, а трошокот ќе падне на товар на инвеститорите.

ц1_resize

Испрати коментар

Scroll To Top