Насловна / Вести / Општина Центар реконструира две нови фасади на булевар „Климент Охридски“

Општина Центар реконструира две нови фасади на булевар „Климент Охридски“

Општина Центар ги реконструира фасадите на зградите „Климент Охридски“ 13, со површина од 2.179 метри квадратни и „Климент Охридски“ 13а, со површина од 1.525 метри квадратни.

Изградени на значајна сообраќајница во 50-тите години од минатиот век, нивниот руиниран изглед почна да го нагрдува изгледот на просторот.

Како и на сите досегашни реконструкции на зградите, општина Центар става енергетско ефикасни фасади околу целата зграда, а не само на предниот дел. Како што е веќе практика, ќе биде задржан автентичниот изглед, а боите ќе бидат избрани во договор со станарите. fasada 2

Новите фасади овозможуваат многу подобри услови за живеење за станарите, заштитени од влијанието на промените во годишните времиња и за 30 % пониски сметки за електрична енергија.

Се работи за контактна фасада, изведена со стиропор со дебелина од 5 cm и завршен слој од пластичен малтер. Исто така, ќе се заменат и окапниците и олуците.fasada 1

Ова се 11-та и 12-та зграда по ред кои ги реконструира општина Центар и се дел од акцијата  „Нова пролет, нова офанзива“!

Следна зграда која ќе добие нова енергетска фасада е зградата на улица „Цицо Поповиќ“ бр. 7, во населба Пролет.

Испрати коментар

Scroll To Top