Општина Центар ја заврши седмата по ред енергетски ефикасна фасада. Жителите на Бул.11 Октомви бр. 38 од сега ќе плаќаат помали сметки за електрична енергија за 33% . Површината на фасадата е 2.300 м2. Изведувач беше ММЛ Инженеринг.
„Задржани се автентичноста на зградата и потписот на познатиот архитект Александар Серафимовски. Боите се избрани во договор со станарите. И колоритот е близок со делото на Серафимовски“, велат од општина Центар.
„Општина Центар продолжува со ветеното. Следна зграда која ќе добие енергетски ефикасна фасада е онаа до Сава Крањ спроти Рамстор“, пишува во соопштението на Општината.