Од Општина Центар соопштуваат „Во рамки на есенската акција на Секторот за инспекциски работи на општина Центар за регулирање, расчистување и уредување на урбаната опрема поставена на територија на општината, издадени се 11 решенија за отстранување на урбана опрема.
Поради непочитување на правилата за поставување на урбана опрема и отстапување од примарните одобренија за поставување на урбана опрема, на 11 правни лица им се издадени правосилни решенија за отстранување на диво поставената опрема.
Со издавањето на овие решенија на правните лица им се наложува во законски предвиден рок самите да ја отстранат диво поставената урбана опрема, а решенијата се веќе испратени на понатамошна обработка.
Со ова ги продолжуваме заложбите за доведување во ред на поставувањето на урбана опрема на територија на општина Центар, со што значително ќе се олесни движењето на граѓаните на улиците и ќе се нормализира сообраќајот на возилата“.