Насловна / Вести / Општина Центар издаде одобрение за градење за втора зграда спроти Холидеј Ин

Општина Центар издаде одобрение за градење за втора зграда спроти Холидеј Ин

Градоначалникот Горан Герасимовски и Општина Центар одобрение за градење за изградба втора зграда на парцелата која порано беше државно земјиште, спроти Холидеј Ин.

Известувањето е објавено во дневните весници.

х2_resize

Од Шанса за Центар велат: „И повторно ќе речат ‘сѐ е по закон’ или ‘моравме бидејќи беше доставено барање за градба’, иако целиот урбанистички план по кој се издаваат дозволите и по кој веќе се гради е очигледно НЕЗАКОНСКИ.

Планот во сите параметри го прекршува Генералниот урбанистички план на Скопје, а тоа според Законот за урбанистичко планирање е НЕЗАКОНСКИ и таков план НЕ СМЕЕ ДА СЕ СПРОВЕДУВА.

Но, Градоначалникот и Општината остануваат глуви на овие факти!

Без разлика што општината со издавањето на дозволите оди и самата против себе, против сопствените наоди за тоа колку е лош овој план. Овие наоди се прецизно наведени во стручниот елаборат за суспензија изработен од Општина Центар со кој општината бараше да биде суспендиран овој план и да се изработи нов. Но елаборатот беше одбиен од Министерството за транспорт и врски со образложение дека не може да се суспендира целиот план.

х1_resize

Ваквото незаконско постапување го поддржуваат и други институции како Јавното обвинителство кое повеќе од една и пол година не одговара на поднесената иницијатива од страна на Антикорупциската комисија. Антикорупциската комисија смета дека има низа на законски прекршувања во начинот ипостапката со која е донесен урбанистичкиот план по кој се гради и се издаваат дозволи за овој простор. Но, обвинителството уште не одговара дали ќе отвори случај.

На петицијата со која се бараше овој простор да се осмисли квалитетни наместо само да не градат толкави објекти се потпишаа над 10 илјади граѓани. Меѓутоа, нивниот глас очигледно не значи ништо.

За жал, се повторува правилото: Кога институциите молчат, царуваат моќниците“!

Испрати коментар

Scroll To Top