Насловна / Вести / Општина Центар и ПОЦ одлучни да воведат ред во паркирањето

Општина Центар и ПОЦ одлучни да воведат ред во паркирањето

ЈП „Паркинзи на општина Центар“ и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција – Скопје минатата недела санкционирале 309 непрописно паркирани возила.

2
„Во периодот од 15.07. до 22.07.2019 година, со помош на „пајак“ возилата на ЈП ПОЦ, отстранети се 132 непрописно паркирани возила, од кои едно несовесно паркирано возило на паркинг-место наменето за лица со посебни потреби, а со поставување на механичко средство блокатор санкционирани се 177 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници резиденти на секторот во којшто биле паркирани“, соопшти ПОЦ.

3
ЈП ПОЦ и Општина Центар апелираат до граѓаните да се придржуваат до пропишаните правила и прописи за безбедно однесување во сообраќајот со цел да се зачува безбедноста на останатите учесници во сообраќајот и реши проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на општина Центар.
ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.

1

Испрати коментар

Scroll To Top