Со 22 гласа „За“ советниците во општина Центар едногласно ја усвоија Предлог-програмата за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Македонија на подрачјето на општина Центар-Скопје за 2014 година.
Програмата и овозможува на општината да го побара во владение неизграденото градежно државно земјиште на нејзина територија. Овој пат одлуката ја поддржаа и советниците од ВМРО ДПМНЕ, кои претходно два пати гласаа против.