„Општина Центар ги отстранува терасите на кафулињата и рестораните во центарот на градот кои узурпирале повеќе јавна површина од дозволената и со тоа го попречуваат просторот за пешаци и ја загрозуваат нивната безбедност. Денеска заврши отстранувањето на терасата на „Бастион“, а ние продолжуваме да постапуваме по останатите решенија“, објави вчера градоначалникот Саша Богдановиќ.