Насловна / Вести / Општина Центар ги додели првите субвенции на 89 граѓани за купување велосипед

Општина Центар ги додели првите субвенции на 89 граѓани за купување велосипед

Cel-Centar-na-Tocak-1

Општина Центар денеска ги додели првите субвенции за купување нов велосипед. Градоначалникот на општината Андреј Жерновски изјави дека во рок од две недели добиле 239 барања за купување велосипед, а на 89 граѓани парите се речиси легнати на сметка, додека останатите ќе ги добијат денеска и во текот на утрешниот ден.
„Акцијата се одвива во полн сјај, речиси половината од апликантите се припаднички на понежниот пол. На првите петнаесет апликанти доделивме свечена награда“, изјави градоначачникот Жерновски.
Според него, „со овој проект, ќе се заштити екологијата и животната средина, ќе има помалку издувни гасови во воздухот, а кај малите ќе се создаде култура на однесување“.
Доколку проектот се покаже како успешен, вели Жерновски, во буџетот за следната година ќе бидат испланирани повеќе пари за оваа намена.

Испрати коментар

Scroll To Top