Една година во основното училиште „Димитар Миладинов“ успешно функционира комплетно реконструираниот базен. Претходно, базенот беше запуштен и вон употреба.
Овој начин на рекреација и користењето на можноста за пливање во нивното училиште, учениците го сметаат како добар и корисен проект, каде тренираат и се учат на пливачки вештини.
Наредната недела ќе се стават туш кабини, а наскоро ќе започне и реконструкција на тоалетите. Базенот беше ставен во фукнција на барање на родителите и на персоналот во училиштето, а просторот кој беше во лоша состојба и полн со влага, сега е современо место за рекреација на младите по највисоките стандарди за базени во затворен простор. Длабочината е 1,70 м. Поставената пумпна станица, филтри и цевовод одлично фукнционираат, а неделните редовни контроли на Заводот за бактериолошка исправност досега не покажале слабости или неквалитет на водата во базенот.
Просторијата на базенот се грее во текот на целиот ден, за поголема безбедност на децата поставен е и видео надзор.
Од неодамна, направен е и нов простор со корективни гимнастички справи за вежбање на децата.