Од утре Општина Центар е отворена за сите граѓани кои сакаат да донираат хуманитарна помош: пакувана вода, конзервирана храна, кондиторски производи, хигиенски средства, постелнина, облека…
Помошта е наменета за сограѓаните од поплавените подрачја. Истите може да ги донесат на пријавница во барака 4, секој работен ден од 7.30 до 15.30 часот. Акцијата ќе трае до 22 август 2016 година.
За таа цел, ги повикуваме жителите од Општина Центар да ја покажат уште еднаш својата хуманост на дело, за што сме им однапред благодарни.