Општина Битола бара од Планинарско-спортскиот клуб „Пелистер“ да ѝ го отстапи планинарскиот дом Копанки за да може да изврши целосна реконструкција врз опожарениот објект.
Во соопштението што Општината го испрати до медиумите и ПСК „Пелистер“ се вели: „Согласно јавно декларираната желба на жителите на Општина Битола, локаната самоуправа е подготвена да изврши целосна реконструкција на опожарениот планинарски дом Копанки, меѓутоа во истото сме спречени заради приватниот сопственички статус на планинарскиот дом. Имајќи ги во предвид нашите претходни средби и разговори, а со цел конечно да го возобновиме функционирањето на објектот, Ве повикуваме да го отстапите планинарскиот дом на Општина Битола, под за Вас прифатливи услови како би можела општината целосно финансиски да го реализира овој проектот“ стои во соопштението на Општината.