Насловна / Вести / ОПШТИНА АЕРОДРОМ ПРЕЗЕМА 12 МЕРКИ ПРОТИВ ЗАГАДЕНОСТА НА ВОЗДУХОТ

ОПШТИНА АЕРОДРОМ ПРЕЗЕМА 12 МЕРКИ ПРОТИВ ЗАГАДЕНОСТА НА ВОЗДУХОТ

6

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин денеска одржа брифинг со новинари, на кој презентираше 12 краткорочни и долгорочни мерки против загаденоста на воздухот.

Притоа, тој посочи дека Општина Аеродром за 20 пати го зголеми Буџетот за заштита на животната средина, во споредба со минатата година. Конкретно, оваа година, како што рече градоначалникот Марин, имаме алоцирано 20 милиони денари за заштита на животна средина:

  1. 1.    Прочистувачи на воздухот во сите градинки

До крајот на годинава ќе се постават прочистувачи на воздух во сите 9 занимални во детската градинка „Сонце“ како донација од АД Електрани на Македонија, додека на почетокот на 2018 година, Општината ќе обезбеди прочистувачи на воздух за сите други градинки во Аеродром со средства од сопствениот Буџет.

  1. 2.    Двосменско работење на инспекцијата

Мерка којашто е на сила од 29-ти ноември. Општинските инспектори работат во две смени, и викенди и тоа од 08:30 до 22:00 часот.

Дополнително, Општината спроведе редовни и вонредни контроли на автосервисите на територијата на Аеродром. Конкретно, извршен е надзор на 28 автосервиси и е констатирано дека сите имаат договори за преземање на маслото и посебни садови каде што го складираат.

Исто така, се вршат вонредни и редовни контроли на градилиштата на територијата на Општината.

Во моментов се врши и контрола врз сите угостителски објекти на територија на Општина Аеродром, со цел да се обезбеди евиденција за начинот на греење за секој од нив и да се утврди дали ги исполнуваат потребните еколошки критериуми.

  1. 3.    Набавка на филтри за оџаци или катализатор за горива за градинките и училиштата, кои сè уште се греат на нафта. Во меѓувреме изработуваме стратегија да се сменат системите за греење и да се постават енергетско ефикасни фасади на овие објекти.
  2. 4.    Мапирање на Општина

Со помош на мобилна мерна станица ќе се мери квалитетот на амбиенталниот воздух на 25 локации во Општината, со цел да се утврад изворите на загадување. Соодветно добиените резултати, според можностите и во договор со секое домаќинство, Општината ќе ги нуди следните решенија:

Чистење оџаци

Донации за еколошки огрев

– Субвенции за набавка на алтернативни системи за греење (инвертер-клима уреди, печки на пелети…)aerodrom-naselba-500x272

  1. 5.    Садење дрвја

–  Садење дрвја во урбаниот дел, дополнување на блоковското зеленило

–   Садење големи површини со дрвјата Pauwlnia tomentosa за прочистување на воздухот и почвата и производство на еколошки огрев (Особини на Paulownia tomentosa: големи листови до 75 сантиметри, голема површина за апсорпција, 10 пати повеќе апсорпција на CO2 и тешки метали од просечнo дрво, широк корен – ја прочистува почвата, годишно апсорбира по 22 килограми CO2, а ослободува 6 килограми О2, прочистува илјадници кубни метри воздух).

За набавка на нови дрвја Општината предвиде 8 милиони денари.naselba-aerodrom-620x330

  1. 6.    Вертикални зелени површини

Ќе се поставува еко-билборд на платото пред ТЦ „Бисер“ како донација од „Триглав осигурување“ и „Еко свест“), а се разгледуваат и други локации. Станува збор за иновативна вертикална структура од мов, која претставува комбинација од специфични култури на мов со васкуларни растенија кои ја собираат ситната прашина (ПМ10 и ПМ 2,5), азотни оксиди и озон. Исто така, неутрализира 240 тони CO2 годишно, го компензира загадувањето од 471 автомобили на годишно ниво и има ефект како 275 дрвја.

  1. 7.    Институционално координативно тело

Соработка меѓу скопските општини, Град Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање за интегриран пристап во борбата против загадувањето и поефикасно работење на инспекциските служби.

  1. 8.    Контрола на градежните активности

Санкции за неодговорно одржување на јавните површини околу градилиштата. Доколку два последователни дена ПМ10 честички  се присутни со над 200 µg/m3 (микрограми на метар кубен), ограничување на работите на објектите каде што се гради.

  1. 9.    Редовно чистење на јавните површини и понатамошно расчистување на дивите депонии

10. Формирање координативно граѓанско тело

–  Набавување дополнителни средства за општината и невладини организации кои работат на полето на заштита на животната средина

11. Пилот проект:  Aпликација на раствор со турбо-атомизери, кои што вршат прифаќање различни честички во загадениот воздух и нивно прилепување за подлогата преку распрскувачиаер

12. Улица со „нула емисии“

Во тек се преговори со Министерство за животна средина и просторно планирање и UNDP за реализација на таканаречена улица со „нула емисии“, која вклучува промена на системи за греење и обезбедување енергетска ефикасност на одбрани објекти.

На крајот градоначалникот Марин нагласи дека покрај овие мерки, Општината ќе ги следи и препораките на Владата доколку два последователни дена ПМ10 честички се присутни со над 200 µg/m3 (микрограми на метар кубен).

         19.12.2017, Општина Аеродром

Испрати коментар

Scroll To Top