Насловна / Вести / Општина Аеродром пренаменува површини за градење во паркови

Општина Аеродром пренаменува површини за градење во паркови

На иницијатива на градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски до советот на општината беше поднесено барање за започнување на постапка за бришење на две површини за градење во Реонски Центар каде беше предвидено да се гради општинска зграда и станбена зграда.

Градоначалникот на својот профил на Фејсбук напиша: „Денеска на моја иницијатива до советот на Општина Аеродром беше поднесено барање за започнување на постапка за бришење на две градежни маркици во Реонски Центар каде беше предвидено да се гради општинска зграда и станбена зграда.

Среќен сум што советот ја изгласа оваа иницијатива и дека конечно ќе се слуша гласот на граѓаните.

На ова место во нашата програма предвидовме да има парк од 5000м2 со монтесори содржини“.

аа_resize

Испрати коментар

Scroll To Top