Насловна / Вести / Општина Аеродром ќе мапира и расчистува диви депонии

Општина Аеродром ќе мапира и расчистува диви депонии

Општина Аеродром се приклучува кон глобалниот настан за мапирање и расчистување диви депонии инициран од движењето Let’s Do It! World.

Акцијата е предвидено да се спроведе на Светскиот ден на чистење, 15 септември, а граѓаните имаат можност директно да се вклучат во детектирање на расфрлениот отпад преку апликацијата World Cleanup на следниот линк https://www.worldcleanupday.org/map-it/.

Мапирањето трае до средината на месец август, по што ќе следи процес на избор на локации за чистење и понатамошна организација и логистика.

mapiranje2_resize

Let’s Do It! World е најбрзорастечкото граѓанско движење во светот, кое ги поврзува и ги охрабрува граѓаните, општините, компаниите и владите да ги исчистат своите земји од лошо управуваниот отпад. Од 2008 година, кон ова движење се приклучија речиси 20 милиони луѓе од целиот свет.

Организатор на настанот во земјава е здружението за одржлив развој и заштита на животната средина Гоу Грин од Скопје во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Испрати коментар

Scroll To Top