Архитектонското биро „Катушиќ Коцбек Архитекти“, со седишта во Загреб и Љубљана, стои зад проектот на неодамна реализираниот комплекс дневна болница и итна медицинска помош во рамките на Општата болница Вараждин.
Во зградата се обединети програми за итна медицинска помош, дневна хирургија и дневна болница. Објектот се наоѓа во комплексот на Општата болница Вараждин, кој е започнат како павилјонски тип болница, но полека се претвора во конгломерат на објекти сместени според потребите и расположливиот простор.
Првата фаза од проектот се состоела од програмски, урбанистички студии и анализи, врз основа на кои е изготвен урбанистички предлог за развој на комплексот Општа болница. Студијата идентификувала делови од комплексот и соодветните максимални волумени за идно проширување, така што новата зграда функционално и урбанистички го надополнува постојниот комплекс на Општата болница Вараждин. Во фазата на новиот урбан распоред на болничкиот простор решен е и проблемот со сообраќајот (пат и паркинг), а се воспоставени се и нови надземни врски помеѓу различни болнички програми.
Новата зграда со површина од 3.255 квадратни метри лоцирана е веднаш до главниот влез на комплексот, поставена помеѓу зградите на интерна, гинекологија и идниот централен оперативен блок. Со намера да се задржи значењето на паркот на локацијата, програмата е поделена на два волумена, меѓу кои е зелен атриум со високи дрвја.
Во повисокиот од двата волумена, сместени се одделенијата за итна помош во приземјето и дневната хирургија на првиот кат, а дневната болница е сместена во другиот волумен.
Волумените се поврзани со пешачка патека, односно трем кој ги дефинира влезовите во зградите, обезбедува интимност кај службата за итни случаи, создава сенки за областите ориентирани кон југ и парковски микропростори.
Волумените се меѓусебно поврзани со стаклен коридор.
Материјализацијата ја следи јасната и чиста програмска поделба. Како одговор на употребата на тули во локалната градба, зградата на новата дневна болница, дневна хирургија и итна помош обложени се со тули, а тремот е оставен во натур бетон; со што на функцијата е додадена гола структура. Моделите од тули се совпаѓаат со поделбата на волумените.
Организацијата на основата одговара на сите комплексни потреби што ги бара медицинската програма – поделба на јавно/службено, чисто/нечисто. Материјализацијата на ентериерот е подредена на функцијата. Користено е едноставно кодирање за да се олесни читањето на пристапноста за пациентите и посетителите.