Не смстеајќи го Киоск К67 на Саша Ј. Махтиг или киоскот „КЦ-190“ на професорот Александар Никољски, скоро сите урбани мобилијари кои последните децении ги гледаме на улиците и плоштадите во регионот, не биле авторски дизајнирани од некој познат архитект или дизајнер.
К67 на Саша Ј. Махтиг
„КЦ-190“ на професорот Александар Никољски
Мал исчекор е направен во Србија. Групата ModelArt од Нови Сад во 2011 година дизајнирала клупа, наречена „1000 см“, од дрво, со модуларни елементи, која во зависност од потребата, односно инспирацијата може лесно да се трансформира.
„1000 см“
Но прва серија иновативно дизајниран мобилијар во 2012 година направил архитектот Милош Миливојевиќ и тоа со соларен полнач во форма на дрво, кој го разработува со локалната старт-ап компанија „Strawberry Energy”. Тој создал креативо дигитално решение во вид на паметни клупи со бесплатен Wi-Fi сигнал, полнач за мобилни телефони и информации за градските случувања.
Голема варијанта на „Strawberry Energy” клупа
Првото соларно дрво поставено е истата година во Обреновац, пота во белградскиот парк Ташмајдан. Веќе во 2015 „дрвото“ е поставено на повеќе шеталишта во Белград и истата година варијанти на овој практичен мобилијар дошле и до Лондон. Целиот проект на соларни полначи се развива и понатаму со „Strawberry Energy” кој минатата година потпишал соработка и со земји од Блискиот Исток. Денес овој креативен производ е достапен во 17 земји ширум светот. Во моментов се присутни во осум лондонски општини, а овој произвот е поставен и во Американскиот универзитет во Шаржа (Обединети Арапски Емирати).
Голема варијанта на „Strawberry Energy” клупа
Оваа паметна клупа со геометриски завиен соларен колектор, проектирана е во две варијанти, поголема и мини варијанта која не завзема голем простор, погодна е за заштитени амбиентални целини, кај оваа варијанта соларниот колектор е интегриран во самото седиште на клупата.
Компанијата планира да направи нова верзија на паметната клупа која ќе има повеќе полначи и енергија. Со оглед на тоа дека 5G мрежата дополнително ќе ги троши мобилните телефони и батерии, паметните клупи ќе бидат се попотребни.
Производите „Strawberry Energy” се бесплатни бидејќи се направени во соработка со партнери и спонзори.
Јавна чешма која освојува простор
Во овие летни денови нешто ни е неопходно, а тоа се јавните чешми. Моделот на јавна чешма кој градот Белград го нарачал во повеќе примероци е исто така дизајн на Милош Миливојевиќ.
Г Јавна фонтана
Моделот е во форма на буквата Г, мошне е практичен и достапен за сите граѓани. Неговата конзолна форма овозможува и лицата со посебни потреби да пристапат на делот за пиење. За да биде паметно искористена водата, чешмата е прилагодена во просторот на одводното корито да биде достапна и за миленичиња. Дизајнот е мошне функционален и ненаметлив и може да се инсталира во кое било природно или урбано опкружување.
Г Јавна фонтана
Без оглед дали станува збор за клупа, чешма или јавна расвета, оваа опрема треба да биде создадена од архитекти или дизајнери кои ќе водат сметка за „малите“ работи кои го разубавуваат нашето опкружување.