3D печатени елементи за оплата направени од рециклирана минерална волна, користеле истражувачите од Сојузниот институт за технологија од Цирих (ETH Zurich), за да направат префабрикувана бетонска плоча, за која велат дека е полесна и подобро изолирана, а користи дури 70% помалку материјал.
Системот познат како FoamWork, користи правоаголен калап исполнет со 24 елементи од минерална оплата со различни големини и облици. Бетонот се налева околу нив и се остава да се исуши, создавајќи шупливи ќелии по целата плоча. На овој начин се добива доволно цврста плоча, зајакната долж главните линии на напрегање, со намалена потрошувачка на бетон за нејзината изработка. Благодарение на овој пристап, емисиите на јаглерод диоксид во градежништвото би можеле значително да се намалат, собено ако се земе во предвид дека цементот е најголемиот поединечен емитер на CO2 на светот. Имено, производството на цемент учествува со 7% во вкупната глобална емисија.
Друга предност на ваквото решение е промена на дизмензиите на целокупната конструкција, со што би се олеснил транспортот и ракувањето на градилиштата. Елементите на оплатата се 3D печатени со помош на автономна роботска рака користејќи минерална пена, која традиционално се прави од пенесет цемент и се почесто се користи како изолациски материјал во градежништвото поради својата голема порозност. Со оглед дека 3D e технологија на адитивното производство, односно не се генерира отпад при процесот на производство, станува збор за уште една предност на овој производ – нула отпад.
Глобалната асоцијација за цемент неодамна се обврза дека до 2050 година ќе достигне нулта јаглеродна емисија.