Насловна / Вести / Opera Park на остров во пристаништето во Копенхаген

Opera Park на остров во пристаништето во Копенхаген

Данското биро Cobe го проектирале Opera Park, „многу потребната зелена оаза“ во внатрешното пристаниште на Копенхаген, кој содржи шест градини и стаклена градина во облик на цвет.

Проектантите го опишуваат како „буен, зелен парковски остров“, пејзажот од 21.500 квадратни метри зафаќа зелен тревник на поранешна индустриска локација во непосредна близина на Кралската данска опера. Паркот од ArchDaily е прогласен за најдобар јавен и пејзажен простор за 2024 година.

Opera Park, кој беше отворен на островот во октомври, има шест различни градини: северноамериканска шума, данска дабова шума, нордиска шума, ориентална градина, англиска градина и суптропска градина.

Суптропската градина се наоѓа во централна стаклена градина во облик на цвеt, во која има и кафуле, a тука е и влезот во подземен паркинг кој може да собере 300 автомобили.

„Opera Park е место каде што природата е на прво место меѓу раздвижениот урбан развој на Копенхаген“, вели основачот на Cobe, Dan Stubbergaard и додава: „Со своите шест градини, кривулести патеки и внимателно изработени видиковци, проектот користи елементи од историските, романтични градини на Копенхаген за да се справи со денешните предизвици како што се падот на биолошката разновидност и управувањето со водите“.

„Проектиран за рекреација, релаксација и размислување, паркот му обезбедува на градот неопходна зелена оаза“, продолжува Stubbergaard: „Додека се шетате низ паркот, имате чувство дека сте го напуштиле градот и дека сте нурнати во природа, речиси заборавајќи дека се наоѓате сред густ центар на градот“.

На островот се засадени повеќе од 600 дрвја, 40.000 луковици и 80.000 тревни грмушки и повеќегодишни растенија, вклучувајќи 223 единствени и локални и егзотични растенија.

Целта била да се вклучи голем избор на видови за да се поттикнат птиците и инсектите да најдат засолниште и храна во Opera Park.

Пејзажниот дизајн на Cobe е наменет како наклон на блиската опера.

„Како оперска сцена, паркот е компониран пејзаж со преден, среден и позадински план“, објасни Ѕtubbergaard

„80.000 растенија и 600 дрвја се поставени за природно да создадат живописен амбиент свртен кон пристаништето“, додадава: „Теренот и дрвјата се највисоки таму каде што ја создаваат позадината, а најниски во преден план кон пристаништето.“

Посетителите на паркот можат да прошетаат до Кралската данска опера, која се наоѓа на соседниот остров, преку уреден мост со покриена патека. Ова е проектирано од Cobe како „стаклена структура со органски облик“ и има покрив кој лебди.

Opera Park има и рефлектирачки базен, рибник со лотоси и фонтана. Резервоарите за подземни води се проектирани да складираат дождовница која може да се користи за наводнување на стаклена градина.

Cobe го проектирале паркот на подигнат терен за да го заштитат од поплави во случај на обилни врнежи или ако нивото на водата во пристаништето значително се зголеми.

Паркот и неговите згради се напојуваат со соларни панели на покривот на блиската опера.

Испрати коментар

Scroll To Top