Насловна / Вести / Опасност демне во пластичното шише со вода: Содржи 240 илјади нанопластични честички

Опасност демне во пластичното шише со вода: Содржи 240 илјади нанопластични честички

Со години се сметаше дека флашираната вода е поздрава и почиста од обичната вода од чешма, меѓутоа, во неодамнешното истражување, научниците ја отфрлија оваа претпоставка. За ваквото мислење придонесуваа и пораките на амбалажата во кои се нагласува дека водата потекнува од планински извори и од највисоките планински врвови. Значи, исклучително чиста.

Меѓу првите докази за негативното влијание на флашираната вода врз здравјето е извештајот на научниците од 2021 година, кој укажува дека едноставното одвртување на капачето на пластично шише може да ослободи парчиња пластика во водата. Многумина од нас го повторуваат овој процес неколку пати, секој пат испуштајќи ги честичките во шишето.

v2

Потоа следеше истражување од 2022 година, кое докажа дека концентрацијата на микропластика во флашираната вода е поголема отколку во водата од чешма. Ова предизвика лавина прашања и понатамошни истражувања, а последното не влева нималку доверба.

Во шише вода најмалку 110.000 наночестички

Анализирајќи пет примероци флаширана вода од познати брендови, научниците открија дека нивоата на честички се движат од 110.000 до 400.000 на литар. Во просек, едно шише флаширана вода содржи околу 240.000 пластични наночестички, покажа студијата објавена во научното списание „Proceedings of the National Academy of Sciences“.

1v

Потеклото на повеќето честички видливи само под микроскоп доаѓа од самите шишиња и мембранските филтри со реверзна осмоза што се користат за запирање на други загадувачи. Притоа, некои честички останале и неидентификувани со помош на двојните ласери што се користени. Ако се и тие нанопластика, наведените бројки би можеле да бидат уште поголеми.

„Не знаеме дали е опасно или колку е опасно. Знаеме дека нанопластиката навлегува во ткивата, а сегашните истражувања се занимаваат со нејзиниот ефект врз клетките“, вели токсикологот Фиби Стејплтон.

v0

Наночестичките продираат и во организмот на бебето во стомакот

Нанопластиката претставува далеку поголема закана за човековото здравје од микропластиката, првенствено затоа што е доволно мала за да навлезе во човечките клетки, да влезе во крвотокот и да влијае на органите. Големината на овие честички може да биде помала од еден микрометар.

Освен тоа, она што најмногу ги загрижува научниците е фактот дека нанопластиката може да се „лизне“ низ плацентата и да стигне до телото на неродените бебиња. Бидејќи за време на бременоста фетусот се храни само со хранливи материи од мајчиниот организам, наночестичките можат да се таложат во организмот уште од најраните месеци на развој.

Испрати коментар

Scroll To Top