Пред пет илјади години во областа околу Rio Tinto (Red River) во Андалузија, имало активни рудници на злато, сребро, бакар и други вредни метали. Како резултат на ова, водата е загадена со тешки метали и остатоци од киселини, и ја карактеризира необичен колорит.
Реката извира од планинскиот венец на Сиера Морена во Шпанија, текот и е долг околу 100 километри, и се влева во заливот Кадиз во Атлантскиот Океан.
Поради високата киселост на водата таа е опасна за луѓето, но тоа не значи дека нема живот во неа. Напротив, во неа преживуваат анаеробни бактерии, кои се хранат од сулфидот и железото од камењата во речното корито.
Ова сознание е особено интересно за астробиолозите, кои сметаат дека условите за живот во Црвената река се слични на оние на Марс или Јупитер.