Изградбата на станови во САД опадна во март на петмесечен минимум, но и натаму е значително над ланското ниво. Тоа сигнализира продолжување на јакнењето на американското стопанство, покажаа податоците на американското Министерство за трговија. Бројот на почнатите градби на станбени објекти во март се намали за 8,8 отсто на годишно ниво на 1,08 милиони единици во однос на февруарскиот показател, кој е ревидиран во плус на 1,19 милиони единици, се наведе во соопштението.