Насловна / Градежништво / Тунел под Босфор

Тунел под Босфор

tunel_bosfor.jpgСојузот на градежни инженери и Друштвото за патишта, преку туристичката агенција ,,Александар“, организираше стручна екскурзија,
посета на градилиште во Истанбул каде се вршат работи околу подземната железничка – метро станица и двата моста кои ја поврзуваат
Европа со Азија. Учесниците на екскурзијата беа примени од главниот надзорен инженер на објектот во градба Guney Yilmaz.

Моментно, овој проект е еден од најголемите транспортни, инфраструктурни проекти во светот. Изведбата е доверена на Јапонски
конзорциум кој обезбеди кредит од околу една милијарда УСА долари со камата од 6,7% за период на враќање од 40 години.

 

Истанбул, за да ги заштити
своите историски и културни
вредности од една страна,
односно да го зголеми железничкиот
транспортен капацитет и јавниот метро
транспорт со зголемена сигурност
и удобност, а од друга страна да
го зголеми ефектот на заштита на
животната средина, се одлучи да
изгради модерна подводна железничка
линија која ќе го поврзе европскиот
и азискиот дел. Инаку, оваа идеја
за поврзување на двата континента
постоела уште од далечната 1860
година. tunel_bosfor_3.jpgНо, првиот подводен потопен
тунел се изградил во САД –Мичиген
1910 година, додека во Европа 1943
година во Холандија – Ротердам.
Тунелот Marmaray (Marmarail) чие име
е кованица составена од Мраморно
Море и железница, е подморски
железнички тунел конструиран со цел
да ги поврзе европскиот и азискиот
дел на Истанбул. Поставен е по
дното на длабочина од 60 метри под
целиот Истанбулски теснец. Проектот
вклучува 2 цевки со по 9,5 км тунел,
од кои по 1,4 км се потопени тунели
на Босфор (Истанбулски теснец),
додека во копнениот дел на двете
страни, Европскиот и Азискиот,
приближно по 4,0 км класично
бушени со два вида машини со
дијаметар од 10 метри. Ѕидовите од
тунелот што ќе бидат изработени од
водонепропустлив бетон и обложени
со челична школка, кога ќе заврши
изградбата, ќе бидат најдлабоките
подморски потопени тунели во
светот, нурнати во Босфор. Цевките
се составени од 11 секции, монтажно
изработени, а секоја од нив е долга
Сојузот на градежни инженери и Друштвото за патишта, преку туристичката агенција ,,Александар“, организираше стручна екскурзија,
посета на градилиште во Истанбул каде се вршат работи околу подземната железничка – метро станица и двата моста кои ја поврзуваат
Европа со Азија. Учесниците на екскурзијата беа примени од главниот надзорен инженер на објектот во градба Guney Yilmaz.
Моментно, овој проект е еден од најголемите транспортни, инфраструктурни проекти во светот. Изведбата е доверена на Јапонски
конзорциум кој обезбеди кредит од околу една милијарда УСА долари со камата од 6,7% за период на враќање од 40 години.
Изведба на
железнички тунел
под Босфор
16 јули 2010 ПОРТА3 19
градежништво
по 130 метри и тешка 18.000 тони.
Тие се транспортираат до местото
на потопување со бродови-теглачи
и се спуштаат на дното со челични
сајли, бродски дигалки. Цевките се
поставуваат (легнати ) 60 метри под
морската површина, во претходно
ископано корито на дното, од каде
ќе се ископаат околу еден милион
метри кубни тиња, чакал, песок.
На должина од 63 км ќе има надградба
на приградските железнички линии
кои прават вкупно 76,6 км високо
капацитетна линија која ќе ги поврзе
Гебзе и Халкали. Со проектот се
предвидени и нови метро станици
кои ќе се градат кај Јеникапи,
Сиркечи, и на Азискиот дел во
Ускидар и 36 површински станици.
По завршување со изведбата на
проектот, користењето на железничкиот
транспорт во Истанбул се предвидува
да се зголеми од 3,6% на 27,7%, со што
железничкиот транспорт во Истанбул
ќе биде рангиран како трет во светот,
зад Токио (60%) и Њујорк (31%).
Оперативна брзина ќе биде 100 км/
час. Приближното време за патување
од Гебзе до Халкали ќе се намали од
сегашни 185 минути на 104 минути, за
целата должина од 76,6 км. Капацитетот
на јавниот транспорт ќе биде по
75.000 луѓе на час во еден правец.
Изградбата на проектот Marmaray
започна во мај 2004 година од страна на
Јапонска фирма со локални изведувачи.
Завршувањето на целиот проект е
постојано одложуван и се очекува да
се заврши во октомври 2013 год.
Изведбата моментно доцни најмногу
поради археолошките откритија.
На локалитетот се пронајдени траги на Градски ѕид на Константин Велики, како
и остатоци од неколку бродови. Покрај
тоа, археолозите со ископувањето откриле
најстари докази за населено место во
Истанбул. Артефактите во кои спаѓаат амфори,
керамика, фрагменти, школки, фигури од
коска, коњски черепи и девет човечки черепи
пронајдени во торба, датираат од периодот
од 6000 год. пред нашата ера. Сите овие
работи се работеле со рачно расчистување
на теренот во период од една година, кога се
отстраниле 750 000 м3 земја- материјал.

 

tunel_bosfor_2.jpg

Испрати коментар

Scroll To Top