Штип – Неколку фирми од Штип пројавиле интерес за реконструкција на фасадите на станбените згради во централното градско подрачје. Градоначалникот на oпштина Штип Зоран Алексов вели дека е пријатно иненаден од интересот на фирмите кои сакаат да учествуваат во реконструкцијата на фасадите.
Општината за да ги реконструира фасадите на станбените згради во Штип на фирмите им понуди за возврат да имаат простор за реклами во договор со станарите.
Најголем интерес за реконструкција на фасадите во центарот на Штип има за станбените згради кај градскиот плоштад „Слобода“ и наспроти Стопанска банка.(МИА)