Насловна / Екологија / Онтарио се откажува од термоцентралите на јаглен

Онтарио се откажува од термоцентралите на јаглен

ontario
Канадската држава Онтарио планира да ја затвори и последната термоцентрала на јаглен, и на тој начин да стане едно од ретките места во светот каде ќе се произведува исклучиво „чиста“ енергија. Од почетокот на идната година Онтарио преминува на нови енергетски извори. Енергетскиот микс ќе го сочинуваат 50% енергија од нуклеарки, 25% од хидроцентрали, 15% од гас, а остатокот ќе го надополнат централите на ветер и соларните централи.

Се разбира ваквата политика има и голем број противници, пред се поради повисоките инвестициони трошоци за обновливите извори на енергија, а во крајна линија и повисоката цена на електричната енергија. Се очеува жестока дебата во Парламентот на Онтарио, бидејќи оваа држава е индустриски центар на Канада, а зелената енергија може да влијае негативно на економскиот раст и новите инвестиции. Од друга страна, Владата треба да ги убеди и своите гласачи дека намалувањето на емисијата на стакленички гасови е позначајно од повисоките сметки за струја.

Испрати коментар

Scroll To Top