Српскиот производител на електрични велосипеди и велосипеди, Ono Bikes, по запазениот успех на моделот Archont и позиционирањето на глобалниот пазар како еден од најинтересните нови брендови во оваа индустрија, продолжува да бележи успеси на меѓународната сцена. Тимот од оваа компанија неодамна во Абу Даби беше дел од програмата StartAD, прeстижна акцелераторска програма во рамките на американскиот универзитет NYU (New York University). На тој начин обезбедено е партнерство со Обединетите Арапски Емирати. „Дубаи и Абу Даби се развиваат со неверојатна динамика во поглед на велосипедската инфраструктура, а особено интересен за нас е проектот на одржливиот град Масдар Сити“ велат од компанијата Ono Bikes.