Насловна / Архитектура / Онлајн продавница за долна облека на тркала

Онлајн продавница за долна облека на тркала

True&Co е онлајн продавница која од сега им нуди можност на своите клиенти ширум САД навистина да ги пробуваат производите пред да ги нарачуваат и купат.

Мобилната продавница Try-on-Truck (во слободен превод: Пробај во камион) има за цел да се отстранат сомнежите за кредибилитетот на онлајн продавница која има се поголем број на клиенти.онлајн продавница_2

На тој начин, клиентите ќе можат да се уверат дека производите се реални и безбедни, и ќе можат да ја искористат можноста да ги испробаат пред да ги купат.онлајн продавница_1

Компанијата Try-on-Truck, која е основана во 2012 година, стана позната по своите онлајн квизови кои им помагаат на жените да си го одредат нивниот идеален тип на градник. Со воведувањето на мобилната офлајн продавница, услугата е дополнително зајакната, бидејќи на клиентите им помагаат и лични асистенти на компанијата.

За ​​дизајнирање на овие номадски кабини биле ангажирани две студија, SAW i MOA, кои веќе работеле на проекти од мобилната архитектура, пишува Dezeen.онлајн продавница_3

Продавницата Try-on-Truck е поставена на седум метри долга и 2,4 метри широка приколка, која првично била наменета за мобилни куќи со мали димензии. Куќиштето и рамката на продавницата се изведени од челик, додека останатиот дел од фасадата е направен во дрво и стакло.онлајн продавница_5

Мобилната продавница има четири кабини, продажен пулт и простор за седење на клиентите додека го разгледуваат широкиот спектар на долна облека.онлајн продавница_6

Панелите се претежно флексибилни, со цел продавницата да се приспособи на условите на локациите, како и временските услови.

онлајн продавница_7

Мобилната продавница Try-on-Truck дебитираше во Денвер, а после тоа ги посети сите градови во Калифорнија, вклучувајќи ги Лос Анџелес и Сан Франциско.онлајн продавница_8 онлајн продавница_9 онлајн продавница_5 онлајн продавница_4

Во моментов е на турнеја во други делови на Америка.

Испрати коментар

Scroll To Top