Насловна / Архитектура / Она кога не знаеш дека си купил куќа на Френк Лојд Рајт

Она кога не знаеш дека си купил куќа на Френк Лојд Рајт

Куќата Dorothy H. Turkel е приватна резиденција која се наоѓа во северно-централниот дел на Детроит, Мичиген, а проектирана е од Френк Лојд Рајт и завршена во 1956 година.

Куќата е единствен објект проектиран од Рајт во Детроит. Нарачана во 1955. година од Dorothy Turkel, куќата има површина од 4300 квадратни метри. Пространата, двокатна резиденција, исто така, претставува редок пример на „Usonian homes”, бидејќи овој тип домови биле карактеристични по тоа што се мали, еднокатни живеалишта.

Во проектот е реплицирана квадратна форма на блокот кој е најистакнат во музичката соба, полн двокатен простор кој овозможува светлината да навлезе во просторот преку блокови од двете страни. Продолжувајќи во деталите на екстериерот, специјален преден блок и аголен блок, исто така се користат за спроведување на неопходното повторување и зачувување на соодветната мерка што ја сакал Рајт.

Кога во 2006 година Dale Morgan и Norman Silk забележале натпис „се продава“ пред современа куќа во четвртта  Palmer Woods во Детроит, тоа било она што всушност го барале, па веднаш ја зграпчиле понудата. Не ни знаеле дека штотуку случајно купиле дом проектиран од Френк Лојд Рајт.

За да се одговори на прашањето што сите си го поставувате, како можеле да не знаат, излегува дека 25 години запуштеност, долги периоди празна и промена на сопственици, во комбинација со години одложено одржување и обрасната со вегетација, се нешта кои можат прилично добро да сокријат проект на FLW.

„Куќата беше многу напредна. Рајт бил човек кој сфатил дека американскиот стил на живот ќе се менува“, вели Morgan.

Откако сфатиле што всушност купиле, Morgan и Silk одлучиле да ја остават својата естетика зад себе и да и ја вратат на куќата извонредноста каква што некогаш била внатре и надвор.

Започнале со внимателно разгледување на проектите, пребарување низ архивите и лоцирање на секоја фотографија што можеле да ја најдат, некои оригинални фотографии од ентериерот им ги дала една од внуките на г-ѓа Turkel со која Morgan и Silk контактирале. Го склопиле како сложувалка она што верувале дека е намерата на Рајт, а потоа вградиле некои уметнички дела и неколку свои додатоци.

Биле потребни четири години целосно да го обноват домот, што на почеток се чинело како однапред изгубена битка, но нивната инвестиција од време и пари очигледно вреди. Тие се горди сопственици на прекрасниот дом на Френк Лојд Рајт, полн со посетители на тротоарите. Реставрацијата била завршена во 2010 година, по цена од еден милион долари

Morgan ги сумира своите чувства за живеењето во куќата и нејзиниот проектант, наведувајќи: „Знаете како, Американците мислат дека можат да направат сè?.Тие само мислат дека нивниот вкус е исклучителен. Но, ние се занимаваме со стил/вкус и знаеме дека не знаеме сè. Еднаш кога ќе почнете да живеете во ваква куќа и ќе ја доживеете, ќе сфатите дека има некаква логика во тоа, постои проток, повторувањето навистина функционира и сакате да биде едноставно. Се беше на свое место. Така да нема потреба да правиме промени. Мојата филозофија е дека кога се работи за светски познат архитект: тогаш не помагајте“.

Испрати коментар

Scroll To Top