Со цел дополнително да ги поддржи проектите на одржлива градба во Колумбија, UNDP планираат да користат напредна опрема за 3D печатење на компанијата World’s Advanced Saving Project. Организацијата ќе го користи Crane WASP, 3D принтерот со големи димензии кој може директно да печати користејќи природни ресурси како земјоделски отоад и земја наместо бетон. Опремата е подвижна и може да се користи за различни цели, а исто така е идеална за употреба на тешки терени каде големите стационарни машини не можат да работат. Потрошувачката на енергија е мала. така што опремата е погодна и за оддалечени подрачја вклучувајќи ги и пустините.
UNDP се надева дека технологијата ќе биде клучна во решавање на проблемите со недостаток на живеалишта во Колумбија, особено во руралните региони како шуми, пустини и планини. Колумбија се соочува со голем предизвик во областа на домувањето, одоносно над 3,7 милиони домаќинства имаат сериозни проблеми. Според Светска банка, на две третини од овие домаќинства им требаат конструктивни подобрувања на домовите. Технологијата на принтање на домови, UNDP планира да ја примени и во други земји.