На задоволство на фановите, најпопуларниот американски бренд на патики во светот започна проект во кој корисниците ќе можат да го персонализираат својот модел на „старки“.
Во пресрет на одбележувањето на 100-годишнината на брендот, „Конверс“ започна проект наречен Made By You, со цел да им овозможат на своите корисници да ја изразат својата индивидуалност.
Во интересниот проект, брендот претстави патики кои некогаш биле носени од страна на некои од култните личности, како што се, на пример, Енди Ворхол, Рон Инглиш, Глен О’Брајан и други.
Сите претставени патики се прилично „валкани“, искинати и полни со дупки, одразувајќи го на тој начин карактерот на нивните сопственици. Со новата акција Made By You, „Конверс“ сака на своите корисници да им овозможи на веб-сајтот омилениот модел „старки“ да ги персонализираат со избор на ткаенини, бои, облици и отпечатоци.