Брендовите за изолациони материјали како „Isover“ и „Rockwool“ успеаја да станат омилени брендови меѓу архитектите во највлијателните европски земји. „Wienerberger“ и „Schüco“ често се споменуваат како пожелни брендови на сурови градежни материјали во најмалку три европски земји. Ова се некои од заклучоците на Европскиот архитектонски барометар, како резултат на споведеното квартално истражување на пазарот меѓу 1600 архитекти во осум европски земји.
Архитектите често имаат одлучувачка улога при изборот на производи и брендови. Посебно кога станува збор за изолацијата и суровиот градежен материјал. Затоа, производителите во градежната индустрија тежнеат да станат префериран бренд меѓу архитектите.
Интересно е дека во Холандија и Полска архитектите немаат омилен бренд. Според истражувањето, одлучувачката улога на архитектите од Полска при изборот на материјали е најмала во споредба со останатите седум земји, додека во Холандија таа улога станува помалку важна. Тоа се наведува како главна причина, што архитектите во овие две земји често не можеле да наведат кој е нивниот омилен бренд. Истражувањето е спроведено во следните земји: Германија, Франција, Италија, Шпанија, Велика Британија, Холандија, Белгија и Полска. Во секој квартал истражувањето е на различна тема. Темата од првиот квартал на 2015 е „Омилени брендови“.