Новите истражувања објавени на веб страницата New World Wealth велат дека престижниот „Риц“ во Лондон, е најпосакуваниот хотел на светската елита.
Ако на сметка имате десетици милиони долари, изборот на хотел нема да ви претставува посебен напор. Денес ВИП статусот овозможува пристап до најлуксузните можни нивоа на услуги, сместувања и сите останати хотелски привилегии. Ако се суди според анкетата за хотелските навики на мултимилионерите, на прво место е британскиот хотел „Риц“, кој минатата година привлече најголем број на гости со длабок џеп.
На второ место е Mandarin Oriental, а на трето Claridge’s. Во период од една година, Велика Британија билa посетенa од 80 илјади мултимилионери, со најголем процент од Азија и од Блискиот Исток.