Насловна / Архитектура / Омилена дестинација на европската елита

Омилена дестинација на европската елита

елита_04

Со традиција долга 130 години Château Gütsch е симбол на луксуз и елеганција. Додека повеќето светско познати личности ги избираат извиканите туристички летувалишта како Ибица или Сен Тропе, познавачите на врвниот луксуз и традиција, летните сезони ги користат за релаксација, одмор и шопинг на места како што е boutique hotel сместен во Луцерн, Швајцарија. Château Gütsch изгледа како замок од бајка, изграден на живописно ритче, кој нуди панорамски поглед на Луцерн. елита_06

Замокот бил изграден во 1888 година од страна на Emil Vogt кој бил инспириран од баварскиот замок Neuschwanstein. Замокот подоцна бил преуреден од страна на Martyn Lawrence Bullard, кој ги испочитувал сите претходни зададени стандарди за изградба и историското наследство, и затоа денес Gütsch претставува ризница на историјата со антички мебел и многу уметнички дела.елита_05
Хотелот располага со 27 соби и апартмани опремени со најлуксузни мебели и ткаенини. Сите соби се различни и инспирирани од одредени уметнички правци или историска личност. Особено е впечатлив апартманот на кралицата Викторија, кој во центарот на просторијата има луксузна бања, а ѕидовите се украсени со слики од швајцарски пејзажи од 19 век.

елита_12 елита_11 елита_10 елита_09 елита_08 елита_07

Испрати коментар

Scroll To Top