Насловна / Вести / Оман: Нова постројка за десалинизација која користи соларна енергија

Оман: Нова постројка за десалинизација која користи соларна енергија

Француските компании Veolia и TotalEnergies ќе градат постројка за десалинизација на морската вода која ќе користи соларна енергија, во градот Сур во Оман. Постројката ќе се наоѓа покрај постоечкиот капацитет за десалинизација на Veoliа, кој обезбедува вода за пиење за над 600.000 жители.

desalinisation1

Соларната електрана ќе има моќност од  17 MW и ќе се простира на површина од 130 000 m2.  Ќе обезбедува производство од над 30.000 MWh електрична енергија годишно, со што ќе биде во ссотојба да покрие 1/3 од потребите од енергија на постројката за десалинизација. Електраната ќе има 32.000 фотонапонски модули и вграден механизам (tracker) за следење на Сонцето.

desalinisation2

Проектот во целост е во согласност со стратегијата на Оман за 30% удел на обновливите извори на енергија до 2030 година, а исто така и во согласност со зелените и нискојаглеродните стратегии на двете француски компании.

Poseidon Water project manager MacLaggen talks to fellow workers as they stand between rows of reverse osmosis filters in Carlsbad

 

Испрати коментар

Scroll To Top